Човекот кој ги рушеше сите логични постулати за модерна политичка пракса, кој беше во центарот на вниманието со неколку скандали, секојдневни повици од суд, корупција, секс афери, дипломатски понижувања и мизерни економски резултати, ја одбележа својата 17 година на политичката сцена, а сега ќе си оди засекогаш.
Неговата политичка кариера ќе остане запаметена по бројните гафови, чудниот смисол за хумор, што најдобро беше објаснето во еден наслов од локалните италијански медиуми со „Боже, спаси не од овој човек“!
Добра п.чка
Берлускони за поранешната британска премиерка Маргарет Тачер изјавил дека подобро ќе ја паметел ако била добра п.чка.
Обама е изгорен
Во една прилика тој дал крајно невкусен коментар на сметка на американскиот претседател Барак Обама: „Обама има се за да може со него да се постигне договор, млад е, згоден и изгорен“.
Мали гради
Една италијанска министерка ја критикувал поради малите гради: „Мора да јадеш, да јадеш, да јадеш. Премногу си слаба“.
Чудни зборови на „утеха“
За време на 2009 година, по катастрофалниот земјотрес во местото Акила, на граѓаните кои останаа без домови, а кои биле сместени во шаторите им порача: „Замислете дека сте некаде на кампување“.
Фала му на Бога за мене
Неколку пати е фатен како во друштво на толпа луѓе си чепка нос, пцуе, а врв на сето тоа беше и неговата химна на парламентарните избори „Фала му на Бога за Силвио“.