Актерот Чарли Шин платил 10.000 долари кауција за неговата поранешна сопруга Брук Милер која била уапсена во ски-центарот на Аспен, Колорадо за поседување на четири грама кокаин.
Актерот кој го привлече вниманието во последните неколку месеци, со скандали и проблеми предизвикани од дрога и алкохол, и излегол во пресрет на неговата поранешна сопруга, која се соочува со казна затвор од десет години, пренесува Sun.
Милер била уапсен под сомнение дека имала намера да продава тешки дроги и поради тоа ја чека правна битка со можност за десетгодишна затворска казна.
Родителите на Брук одбиле да платат кауција, бидејќи биле разочарани што нивната ќерка повторно се вратила на лошото однесување и користењето на дроги.
Шин го покажал своето добро срце, и ја платил кауцијата за да може мајката на нивните близнаци да биде со своите деца.