Чарли Шин е голем љубител на Твитер, преку кој комуницира со неговите фанови, во еден таков случај сакал да му испрати порака со неговиот личен број и на Џастин Бибер.
Но, Чарли наместо само на Бибер да му испрати порака, тој својот број го објавил на статусот каде што има 5,5 милиони пријатели. Што е најлошо Чарли тоа не го забележал веднаш, туку бројот го отстранил после неколку минути, а тоа било доволно неговиот телефон да се вжешти од повици и пораки.
“310-954-7277, побарај ме другар, Ч.”, напишал Чарли. “Мобилен телефон на Чарли веднаш почнал со ѕвонење, и примил 1800 пораки во минута. Чарли неколку пати и се “зезал” велејќи дека се јавиле во пицерија, но за кратко време мобилниот на Чарли се блокирал, изјавил неговиот пријател.