Часови по убави манири во училиштата во Кина

24 јануари, 20110
school kids(2)

Министерството за образование во Кина најави промени во образовниот систем. Со таа цел ќе бидат спроведени промени во наставната програма во училиштата. Од сега децата ќе имаат часови за убави манири. Ќе учат како треба да се однесуваат со повозрасните, како да се однесуваат на трпезата, ќе го учат учтивиот однос кон спротивниот пол, како да пишуваат писма, па дури и смс пораки, како да се однесуваат со странците и сл. Целта е, младите ученици да знаат дека Кина е земја со долга историја и цивилизација, ритуали и култура. Владата на Кина постојано се обидува да ја подобри состојбата со спроведување на патриотски кампањи против лошите навики на Кина, како што се плукање, пушење во јавни тоалети, фрлање отпадоци насекаде, но тие најчесто ги игнорираат. Затоа овој пат овие навики ќе ги учат веднаш штом децата тргнат на училиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *