Четири начини да побегнете од лош состанок

popara17 септември, 20111min00
ljubov i seks 2

Сценарио 1-принцот се претвори во жаба

Сте го запознале на интернет и тој одговарал на сите ваши критериуми. Сте зборувале на телефон и сте очекувале дека позади длабокиот машки глас, се крие вистински лепотан. Штом сте го виделе, ви било јасно дека погрешно сте го замислувале: низок, со преголем стомак, раскопчана кошула и лош здив. Вашиот принц се претворил во жаба , а состанокот од соништата се претворил во ноќен кошмар. Пробајкте да го сокриете разочарувањето. Разговарајте неколку минути, а потоа искрено и љубезно кажете му дека не сте на иста бранова должина и дека морате да идете бидејќи вас ве чекаат многу обврски.

Сценарио 2- шишето го сакаат повеќе од жените

На вечера сте со момче, кое за разлика од вас, малку му е една чаша пијалок. Тој е веќе на 5-тата, му се врзал јазикот, а главата само што не му паднала во чинијата. Кажете му дека морате да одите во тоалет, платете ја сметката и викнете такси. Кога ќе пристигнете, замолете го келнерот да му ја пренесе пораката дека сте отидени, а него избришете го од именикот засекогаш.

Сценарио 3- некомпатибилна комбинација

Вашиот роднина организирал состанок за вас со негов пријател. Се прашувате што тој мисли за вас кога заклучил дека сте се согласиле за такво момче. Не сте ја нарачале ни пијачката, а веќе сте спремни да си одите. Кажете му дека е подобро одма да се соочите со вистината и признајте дека тоа не води никаде, само го губите времето. Постои шанса и тој да го мисли истото, а доколку не е така, вие сигурно ќе се чуствувате подобро кога ќе излезете од ресторанот.

Сценарио 4-прост и нападен тип

Мажот е сексуален манијак. Одвај ве познава, а веќе е загледан во вашето деколте и ја повикува келнерката и секоја згодна девојка што поминува. Дури и се обидел да ве допре за бутовите. Станете и одете си веднаш. Такво однесување не заслужува ни објаснување.Доколку проба да ве застане, кажете му ја вистината во лице.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma