Млад архитект од САД,Андреас Ставропулос, четри години живеел во камп приколка која сам ја уредил. Истакнал како не плаќал кирија, не плаќал сметки и на тој начин му останувале пари за студии. Покрај тоа тој изјавил дека сакал да се поврзе со природата, па затоа наместо класичен дом тој ја избрал приколката од шест метри квадратни.
Андреас изјавил дека штедел и на мебел, па во тие 6 м2 успеал да смести кревет, полици, мал фрижидер, шпорет и биро. Со години кампирал пред местото каде што работел, а денеска неговата камп приколка е паркирана пред неговиот дом во Калифорнија.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Px6IPlOEvrc