“Јас не сум природен изведувач. Јас сум природна пејачка, но не и изведувач. И, многу сум срамежлива. Секој пат пред настапите јас се борам со своите нерви. Знаете тоа како изгледа? Несакам да испаднам лигава, но тоа е исто кога ќе се заљубите, па неможете да јадете, спиете, постојано сте немирни. Но, оној момент кога ќе се качам на сцената, се си доаѓа на свое место“, сето ова го кажала Ејми Вајнхаус во своето последно интервју кое го дала во март, на еден новинар од Телеграф.
Студиото на Ејби Роуд
Иако тогаш се чинеше дека Ејми ќе дава уште многу интервјуа, на крај испадна дека Нил МекКормик, новинарот на Телеграф, остана последниот кој направи интервју со познатата британска пејачка. Целиот разговор бил посветен на музиката, а Ејми изгледала среќно и задоволно.
Интервјуто било направено во славното студио Ејби Роуд, каде Ејми го снимала дуетот со Тони Бенет, легендарниот пејач, со чии песни Ејми пораснала. Кога пристигна во студиото, се присетува новинарот, Ејми беше малку нервозна, не само затоа што надвор ја чекаа многу папараци, туку и поради фактот што таму е Бенет. Всушнот, тој за Ејми претставувал легенда, а кога таа била мала, нејзиниот татко исто така обожавател на Бенет и пуштал плочи со негови песни.
Заљубена во џезот
“Нема да плачам, нема да плачам…“ повторувала во себе Ејми, додека се поздравувала со Тони Бенет, а нејзинита трема била многу симпатична, додава новинарот. Таа му раскажала се за нејзината нервоза и објаснила дека подолго време не била во студио.
Пред тој ден, Ејми поминувала уште еден од низата третмани за лечење од завиности, новинарот се сеќава како таа изгледала супер и дека не ни можел да претпостави дека сега на неа ќе се сеќава како на поранешна талентирана пејачка. Тој додал дела Ејми му кажала дека е заљубена во џез музиката, а најголеми идоли и биле Сара Вон, Дина Вашингтон и Мини Рипертон.
“Знаете, еден ден би сакала да направам вистински џез албум. Ама баш вистински џез албум. И размислувам за тоа да запишам некои студии за музика, за гитара или труба. Знам да свирам на неколку инструменти, но од се знам по нешто. Ниеден инструмент не го владеам. Ако знаеш да свириш барем на еден инструмент, подобро и ќе пееш. Што повеќе свириш, подобро пееш, а што подобро пееш, подобро ќе свириш“, изјавила тогаш Ејми. Нивинарот додал дека тогаш Ејми зборувала како да и следи навистина светла иднина. Таа верувала дека пред неа се уште многу години во светот на музиката. Или, барем така делуваше, додал новинарот.
Стрепсилс со мед
Во еден момент, додека Ејми и Бенет биле на пауза, пејачот ставил во уста стрепсилс, бомбони за грло.
“Дали некогаш си пробала стрепсилс?“ , ја прашал Бенет, што секако е едно необично прашање за девојката која практично беше синоним за зависници.
“Најмногу ги сакам оние со мед“, одоговорила Ејми.
Како што се приближувал крајот на снимањето на песната, така нервозата не Ејми полека почнала да исчезнува, а на крајот била потполно опуштена. На крај му рекла на Бенет: “Баш ми е драго што се видовме, многу сум среќна. Ова е нешто што ќе им го раскажувам на внуците, за да можат и они на своите внуци да го раскажат. Сега одам дома да ги слушам вашите плочо. Повеќе би ве слушала вас, отколку себе.“
“Поздрави го татко ти“, и порачал Бенет.
“Ќе се расплаче, ќе се расплаче“, одговорила Ејми.
И додека британскиот новинар се сеќавал на своето последно дружење со оваа талентирана пејачка, нејзините родители прв пат прозбореле во јавноста за можните причини за смртта на својата ќерка. Иако, докторите изјавија дека ќе им требаат четри недели за да утврдат од што точно починала Ејми, нејзниот татко Мил изјавил дека постои голема веројатност таа да починала бидејќи нагло го оставила алкохолот и престанала да пие. Ејми ја советувале да престане да пие постепено, не преку една ноќ, но таа упорно сакала да биде трезна. Три недели пред смртта таа се немала напиено ни капка алкохол, па веројатно телото и доживеало шок од таквата радикална промена.
“Кај неа не постоеше зборот малку“, таа знаеше само за се или ништо“, изјавил таткото на Ејми.