Чизкејк со јагоди

popara24 декември, 20111min00
Untitled-7777777777

Потребни состојки:

За кора:

200 гр. мелени бисквити

125 гр. маргарин

4 лажици мед

4 лажици млеко

Фил:

450 гр. хопла

2 кесички желатин

250 гр. шеќер во прав

Припрема:

Истопете го маргаринот на пареа, па кога ќе се излади додадете ги бисквитите, медот и млекото.

Во кружен калап сипајте ја смесата за кора и обликувајте ја со прсти. Во миксер ставете го шеќерот во прав и постепено додавајте ја хоплата и желатинот припремен по упатството во ќесичката.  Матете се додека не добиете цврст фил со кој ќе ја премачкате кората.

Ставете го садот со чизкејкот во фрижидер да се излади и стегне. За декорација користете свежи или конзервирани јагоди. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma