Емоционалните луѓе кои сакаат стабилност во живототнајчесто цртаа заоблени линии и округли тела, оние кои се раалистични и сигурни цртаат прави линии, открива професионалната анализа на цртањето. Луѓето кои цртаат големи фигури се полни со самодоверба и отворени кон животот, додека оние кои цртаат мали фигури повеќе сакаат да посматраа отколку да делуваат.
Цртањето по лист хартија најчесто произлегува од досада или поради стрес, истакнува аналитичарката за ракопис Рут Ротсон од британскиот институт за графологија. Најчесто цртаме несвесно, а таквото цртање всушност ги открива нашите мисли и стравови. Начесто цртаме ѕвезди, кутии, стрелки, коцки, кругови итн.
Лица
Изразот на нацртаното лице често е добар индикатор за расположението на оној кој црта. Насмеано лице открива симпатии и добро расположение спрема другите луѓе. Лица со гримаси или смешковци упатува на желбата за внимание. Цртање на профил на лице значи дека оној кој го црта е екстремно интровертна личност.
Шаховски полиња
Бело-црните шаховски полиња откриваат стрплива и упорна личност. Овој вид на цртежи често се цртаат кога личноста треба нешто да одлучи или избегне некоја ситуација. Цртањето шаховска табла има и друго значење, имено личноста која ги црта е личност која често го менува расположението.
Цвеќиња
Кружни и големи листови на цвеќиња, упатуваат на пријателски и друштвен карактер на личноста, како и на личност која се грижи за семејството. Ако центарот на цвеќето е симетричен круг, а листовите шилести за оној кој го црта значи дека тој ја крие својата ранливост, емоции и има одбранбен став кон друштвото.
Животни во лет
Птици, пчели и пеперутки се цртежи кои ги цртаат луѓе кои ја ценат својата слобода и не сакаат да се врзуваат со луѓето. Исто така животните во лет симболизираат бегство од големите одговорности и проблеми.
Срце
Цртањето на срце открива заљубеност или симпатија спрема некој, како и исчекување на романтична средба со некој.
Замрсени цртежи
Комплексните цртежи со многу детали најчесто цртаат интровертни луѓе како и луѓе кои се посесивни, кон одредени луѓе и елементи во животот.
Ѕвезди
Оние кои цртаа ѕвезди се амбициозни и си ја сакаат работата која ја работат. Овие луѓе тежнеат кон кариера и напредување. Мноштво мали ѕвезди симболизира оптимизам.
Стрелки
Цртањето на стрелки открива сталожена и одлучна личност, личност со јасна цел. Ако стрелките се оштри тоа значи дека личноста е пред разрешување на нешто многу битно во неговиот живот, додека заоблени и вкрстени стрелки значат дека престојува љубовно освојување.
Куќарки
Овој вид на цртање открива изразена потреба за сигурност и стабилност која ја нуди домот. Ако цртежот е не уреден и на него куќите немаат прозори, може да преставува незадоволство во односите со семејството. Ако личноста црта куќа на брдо тој ја открива својата осаменост и изолираност.
Пајакова мрежа
Ваквите цртежи имаат двојно значење, може да преставуваат чувство на заробеност во некоја животна ситуација или желба некој да се „зароби“ т.е врзување со некоја личност.
Имиња или иницијали
Пишувањето на сопственото име или иницијали го открива оној кој сака да биде во центарот на вниманието. Ако пишуваме туѓо име или иницијали покажуваме дека таа личност ни е длабоко врежана во мислите, некој кој го сакаме или некој со кој имаме проблем.
Квадрати и кутии
Цртањето на правилни објекти симболизира желба за контрола, било тоа врз ситуација или луѓе. Правилните објекти упатуваат на желба и план за решавање на проблем. Ако квадратите се спојуваат упатуваат на многу ефикасна, способна и аналитична личност.
Криви линии
Меки заоблени линии која не создаваат ликови или предмети откриваат романтично чувство и „женски“ начин на приоѓање на животот. Цртежите на кои има многу рамни линии упатуваат на агресивни „машки“ карактеристики на личноста