Црна или бела, швајцарска или белгиска, нејзиното величество – чоколадата се топи во устата, ја сакаат и млади и стари… А, овој пат во џиновско, XXXL издание!
Сега омиленото благо на повеќето луѓе може да го видите (за жал, само видите) во најголемото издание на светот досега. Оваа чоколада влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголема чоколада било кога направена.
Долга е 7 метри, висока 1 метар и тешка неверојатни 6 тона. Заслугата за овој потфат и припаѓа на американската фабрика за чоколада „World Finest Chocolate“.
За да се подготви најголемата чоколада на светот, потребни се следниве состојки: 600кг бадеми, 2750кг шеќер, еден тон млеко во прав, 850кг какао и 700кг чоколаден ликер.
Запишете си го рецептов, секогаш се важни точните мери!
Погледнете ја најголемата чоколада на светот и оближете се!
One comment
Ема
15 септември, 2011 at 15:55
Како би го лапнала чоколадово, абе ни трошки нема да оставам 🙂