Чоколадото има ист ефект како и вежбањето! Навистина?!

popara27 септември, 20111min00
chokolado

Едно ново истражување покажало дека консумирањето мали количини на црно чоколадо врз нашите мускули влијае слично како и вежбањето. Но дали оваа информација е доволна за да ја замените теретаната со фотељата и омиленото чоколадо во рака?

Во истражувањето кое било спроведено во Универзитетот на Калифорнија се испитувале растителните соединенија кои ги има во чоколадото, па така се дошло до заклучок дека тие поттикнуваат слична реакција на мускулите како и вежбањето.

Но, заклучоците од истражувањето не треба да се земат здраво за готово, бидејќи пред се станува збор за мало истражување кое било направено врз само 25 глувци, така што истото истражување ќе треба сега да се спроведе и кај луѓето.

Вежбањето останува број еден

Секојдневното вежбање и понатаму е најдобар начин за да се остане во форма, здрав и добар дух, а го намалува ризикот од појавата на бројни здравствени проблеми.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag