Чола, Гета и Симпл Мајндс треба под итно да одат во црква и да запалат свеќа. Тие спасија жива глава во Белград, бидејќи сцената на која требаше да настапат се сруши, за цела среќа пред почетокот на концертот.
„Сцените на кои треба да настапат Здравко Чолиќ, Дејвид Гета и Симпл Мајндс не го поседуваат германскиот TUF сертификат за безбедност и се крајно опасни за користење“, тврди Мишо Берар, првиот човек на „Студио Берар“, кој работи со организација на концерти и монтажа на сценска опрема.
Берар тврди дека никој во Србија, освен неговата фирма и Властимир Цвветковиќ Власто, не го поседуваат сертификатот за безбедност. Тој смета дека овој сертификат е неопходен, бидејќи со него се докажува дека секој дел од сценската опрема е проверен.
Рушењето на сцената непосредно пред настапот на Дејвид Гета навистина ја загрижи српската јавност која уште се сеќава на осумте жртви кои загинаа откако при пожар се сруши бината во едно кафуле во Нови Сад. Уште поголема паника се создаде со изјавата на Берар дека ниту сцените на Чола и на Симпл Мајндс не се безбедни.