Александар Пилишенко поседува приватна зоолошка градина, но има потреба од дополнителни средства за да може да ја доврши изградбата на поголеми простории за животните. „Една од целите е да привлечеме што повеќе посетители и на тој начин да обезбедиме средства за понатамошна доизградба на зоолошката“ вели Пилишенко. „Всушност, ние почнавме со изградба на оваа зоолошка уште пред неколку години, но средствата не ни стигнаа, па затоа сега сме во потрага по луѓе кои би можеле да ни помогнат“.
Повеќето од жителите на оваа зоолошка градина се напуштени животни од страна на циркусите или бизнисите, па Александар се надева дека со престојот во кафезот со лавицата Катја, ќе ја подигне свеста на луѓето за похуман третман на дивите животни и ќе ја зголеми посетеноста. Александар за таа цел нема да излезе од кафезот на Катја цели 35 дена. Катја веќе 9 години живее во зоолошката градина на Александар и тие ќе си уживаат во друштвото цели 35 дена.