Експертите од Центарот за јавни извори во Вирџинија дневно прегледуваат и по пет милиони твитови, коментари, постови на Фејсбук и други социјални мрежи.
Американската централна разузнувачка агенција ја следи комуникацијата на популарните социјални мрежи. За сето тоа е задолжено одделот за јавни извори, сместено во анонимниот индустриски парк во Вирџинија во скромна зграда.
Овој оддел има задача да ги следи сите медиуми – весници, телевизија, интернет блогови, сајтови, како и социјалните мрежи, а експертите дневно прегледуваат и по 5 милиони постови од корисниците на Фејсбук. Колку овие информации се важни за американската администрација говори и податокот дека истите тие подоцна се анализираат директно во Белата куќа.
Тимот од неколку стотици експерти, чиј точен број не е познат, се фокусира на меѓународните и странските разговори. Нивната карактеристика е познавање на многу странски јазици. На тој начин овој оддел ги надгледува граѓаните во Кина, Русија, Германија, па се до Србија.
Директорот на овој оддел, Дак Наквинм тврди дека на овој начин досега се собрале многу важни информации, кои овозможуваат предвидување дури на револуција.
„На пример, знаевме дека ќе се случи египетскиот бунт, но не знаевме кога точно ќе се случи“, изјавил Наквин. Според него најуспешните аналитичари знаат да пронајдат податоци за кои другите незнаат ни дека постојат.