Потребни состојки:
6 јајца
10 лажици шеќер
10 лажици масло за јадење
100 гр. чоколадо за готвење
7 лажици брашно
1 прашок за печиво
100 гр. ципирипи крем блок
125 гр. маргарин.
Припрема:
Изматете ги белките со 50 гр. крупно рендана чоколада, седум лажици брашно и шеќерот и маслото, па додадете го прашокот за печиво. Сипете ја смесата во претходно намрсена тава за печење и печете половина час на температура од 150 степени целзиусови.
Жолчките, маргаринот и останатата чоколада ставете ги во сад и растопете ги на пареа за да го направите филот. Извадете го испечениот пандишпан и премачкајте го со подготвениот фил. Врз тортата изрендајте ципирипи крем блок. Послужете во чинија за сервирање. Добар апетит!