Coco Rocha-Манекенка со големо срце

popara5 декември, 20111min00
Coco Rocha

Канадската манекенка Коко Роша дизајнираше специјална колекција на накит за организацијата  „ Сенхоа“  која им помага на жртвите од трговија со луѓе во Камбоџа. Колекцијата има седум парчиња накит кои се изработени со „ Сваровски“ кристали а целиот приход е наменет за хуманитарната акција. Колекцијата како што изјавува Коко е со скриена порака  и убаво е секоја жена да поседува парче накит со кој ќе го покаже својот став (ние сметаме дека е уште поубаво  чувството на жената дека помогнала на некому). Цената на накитот се движи од 60 до 195 американски долари, освен еден модел кој на фотографиите го презентира Коко кој чини 995 американски долари.

Иако е доста млада ( има дваесет и три години), Коко плени со нејзината сестраност  и желбата да ги промени нештата, па е активна и во борбата против анорексија. Има свој блог каде редовно е во комуникација со нејзините обожаватели, соработник е во списанието „ Seventeen” каде редовно апелира до младите девојки да не забегаат во борбата со килограмите и  како да работат на самодовербата . Во теков на месецов  се очекува премиера на нејзиниот документарен филм за Хаити.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag