Црно е, да…но, има ли кафето црна страна?

popara5 септември, 20111min00
Café

Црно како пекол, јако како смрт и слатко како љубов… зборови дел од една турска поговорка со кои се опишува познатиот пијалок – кафето. Наутро за добар почеток на денот, на пладне за уживање, тешко дека некој ќе ви прости ако не му го погодите кафето.

Како влијае кафето на нашето здравје?

Во нормални количини помага во совладување на заморот и ја подобрува менталната способност. Малку луѓе знаат дека кафето содржи антиоксиданси кои позитивно влијаат на телесните функции. Секако, тоа не значи дека кафето може да ги замени овошјето и зеленчукот, но е одлично за добро расположение.

Како и со другите опиуми и со кафето треба да се биде умерен. Одамна е познато дека главната состојка на кафето – кофеинот, создава зависност. Масовната конзумација на кафето започнала со индустриската револуција и потребата да се остане буден, а денес кафето е синоним за покана за добра дружба.

Умереното конзумирање кафе не штети, но доколку се зема во големи количини телото станува зависно од кофеинот и без кафе не може да се пробуди. Исто така, кафето ја извлекува водата од телото, па препорачливо е со кафе да пие вода. Затоа е важно да се знае колку и како со кафето. Меѓународниот олимписки одбор кафето го третира како условна дрога т.е. допинг. Над 12мг/л во организмот не е дозволено.

Темната страна на кафето

Претераното уживање во кафето го оптоварува срцето и крвните садови, предизвикува лачење на желудочни киселини, го пореметува природниот циклус на спиење, а може да предизвика и тресење на рацете, нервоза, дијареа, ја смалува моторичката координација, го извлекува калциумот и железото од организмот. Не е лесно да се ослободите од оваа зависност. Експертите препорачуваат постепено откажување како со цигарите, ако веќе се решите на тоа.

Како влијае кафето? По 15 минути од конзумацијата, кофеинот е веќе во крвта. Што почесто се зема, тоа послабо влијае и ви треба поголема количина за да го почувствувате посакуваниот ефект. Зависниците од кафе лачат повеќе кортизол (хормон за стрес) и адреналин, па тоа евентуално може да доведе до замор и исцрпеност, па сфаќате дека сте постигнале контра ефект од планираниот.

И чајот има кофеин

Особено црниот чај содржи доста кофеин. Откриен е во 1827 година и тогаш му е даден називот теин, но научниците тврдат дека помеѓу теинот и кофеинот нема голема разлика, единствено што кофеинот во чајот не влијае негативно на срцето и крвотокот, туку го засилува протокот на крв и размената на материи во мозокот. Во чајот има 30% помалку кофеин отколку во кафето.

Занимливост

Сè до 17-от век се сметало дека кафето е лек, а не пијалок за уживање. Некои мислеле дека му помага на телото, а други тврделе дека влијае на импотентноста кај мажите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag