Тодор Вујошевиќ, кој во спотот за правата на ЛГБТ популација во Црна Гора се бакнува со колега, добил закана преку порака.
Актерот Тодор Вујошевиќ кој се појвува во спотот за промоција на правата на ЛГБТ популацијата во Црна Гора, добил заканувачка порака, која ја пријавил во полиција.
Во спотот “Во ред е да се биде поразличен, и ние сме дел од екипата”, тој страсно се бакнува со колегата.
-Тодор ја добил пораката со заканувачка содржина која била многу вознемирувачка. Она што најмногу ме загрижува е тоа што мислам дека ова е само почеток – изјавилрежисерот на спотот Данило Маруновиќ.
Иако некои сметаат дека и актерите кои го снимиле спотот се припадници на геј популацијата, Маруновиќ тврди дека бакнежот е глума и доказ за храброста и векикодушноста на овие двајца момци.
-Никој од учесниците во спотот не е геј, напротив тоа се момчиња од градот кои одлучиле да ја продржат приказната за човековите права и мислам дека тоа е одлична работа, изјавил Маруновиќ.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=OYquxRUIOvs