Каков е тој милијардер без супер луксузна јахта? Никаков! А тоа добро го знае и познатиот американски режисер Стивен Спилберг, кој потрошил 200 милиони долари на 85 метри долга јахта – Seven Seas…
Совршениот внатрешен дизајн на јахтата Seven Seas има обезбедено сместување за 12 гости и 26 членови на екипажот. Покрај стандардните бенефиции кои можат да се најдат на повеќето луксузни јахти, “Seven Seas” има на располагање сопствен хелиодром,приватна палуба со џакузи, голема теретана, спа центар,соба за масажи, па дури и две кино сали. Специјалните системи за стабилност овозможуваат на јахтата да се патува без проблем во сите временски услови.