Да се користи сол или не?

popara4 декември, 20111min00
109437981saltcholcrop

Веќе десетици години стручњаците препорачуваат намалено внесување на сол во исхраната со цел да се намали ризикот од срцев или мозочен удар.  Наспроти ваквите тврдења, во најновите истражувања во САД е докажано дека ако се намали употребата на сол во исхраната, крвниот притисок се намалува но во исто време тоа доведува до мало зголемување на холестеролот, што само посебе е ризик фактор за срцевите заболувања.

Овие наоди се резултат на анализа на 167 други студии, во кои земале учество лица кои или имале нормален или висок крвен притисок, при што по случаен избор биле ставени на режим на исхрана со високо или ниско ниво на натриум.  Во овие студии се мереле одреден број метаболички фактори, како што се крвниот притисок, нивото на липидите, но и на ензимот наречен ренин, кој се ослободува преку бубрезите кога нивото на натриум во телото ќе падне на ниско ниво, како и алдостерон, што е хормон кој помага бубрезите повторно да ги апсорбораат натриумот и водата со цел подигање на крвниот притисок. И покрај овие резултати, сеуште се смета дека редуцирањето на солта во исхраната може да има мал бенефит за оние што имаат проблем со високиот крвен притисок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag