Ако сакате да ја посетите Трансилванија не ви требаат многу пари, а Романија и не е така делеку. По повод Ноќта на вештерките ќе има посебна програма и тури низ замоците, а луѓето од целиот свет доаѓаат да откријат што се крие зад името на грофот Дракула.
Името Трансилванија потекнува од латинскиот збор и значи “низ шумата”.
Се однесува на областа на централа Романија, а со тек времето се проширила на запад. На почетокот на 1 век римската војска под царот Трајан водела страшни битки во регионот на поранешна Дакија.
Римското влијание и денес е евидентно во конструкцијата на модерени патишта. Затоа што Дакија била богата со злато и сол, изградени се многубројни рудници за експлоатација.
Под притисок на Визиготите, Римјаните ја напуштиле оваа област за време на владеењето на Аврелиј во 3 век. Богатството на карпатско – дунавските земји овозможило населување уште од најстарите времиња, Трансилванија е преполна со траги на живот од времето палеолити.
Турнеја низ родното место на Дракула
Уште откако Брам Стокер 1897 година, во својот роман го направил вампирска легенда, Дракула е составен дел од секоја страшна приказна.
Но , каков човек всушност стои позади оваа мистерија?
Дискутабилно е колку Стокер навистина знаел за вистинскиот Влад lll Дракула. Неговиот прекар се преведува како “син на Дракула”, од латинските зборови “draco”, што значи змеј. Тоа е знак на припадноста на неговиот татко Редот на Змејовите , каде требало и Влад да биде член.
За време на неговото владеење Влад lll своето име го оставил да биде запаметено по бруталност. Своите противници ги набивал на кол, подигал и ги оставал да умираат во најстрашна болка.
Сигишоара
Влад lll е роден во 1431 година во Сигишоара во Трансилванија, како син на Влад ll Дракула. Носел титула на војвода од Влашка, младиот Влад се преселил во Трговиште, главен град на оваа област.
Се наоѓа на еден час возење од Букурешт. Вреди да се посети кралската палата во градот.
Влад заедно со помладиот брат е испратен во дворот на султанот Мурат ll 1442 година, за да ги избалансираат односите со Турците. По смртта на Влад 1477 година, неговата глава е однесена во Константинопол.
Молдавија
Влад ll е убиен додека неговиот син сеуште се наоѓал во отоманско заробеништво.
По една година тој се вратил дома и го превземал престолот и некое време поминал во Молдавија, со цел да го заштити својот вујко.
Замокот Поенари
Овој замок кој се наоѓа на карпа, Влад ја обновил и некое време ја сметал како свој дом. Според легендата, неговата прва жена се самоубила со скокање од кулата за време на опсадата на Отоманската империја на 1462 година, за да не биде заробена. Замокот се наоѓа на 2 часа од Букурешт и неопходно е да се искачат 1462 скали, за да дојде до него.
Вишеград, Унгарија
Од 1462 до 1474 година, Влад бил унгарски затвореник и таа година ја поминал во Вишеград. Некое време овде живеел со својата втора жена, роднина на унгарскиот крал. Вишеград е на 12 часа возење од Букурешт, а само еден час одалечен од Будимпешта.
Замокот Хунјади
Се верува дека на ова место Влад поминал некое време од заробеништвото. Замокот се наоѓа во Хунедоара во Романија, 5 часа одалечено од Букурешт.
Манастирот Снагов
Легендата кажува дека е пограбан во овој манастир, но трагите од гробницата никогаш не се пронајдени. Манастирот се наоѓа на истоименото езеро.
Замокот Бран
Познат како замок на грофот Дракула, иако тука поминал најмалку време. Се наоѓа на 2 часа од Букурешт, а влезот се наплаќа по 8 евра.