Научници го истражуваат материјалот на кој се гледа како пингвин плива на крајбрежјето на Портсмунт во Англија. Но не е чудно пливањето на пингвинот туку, како овој пингвин се нашол 9656 километри од својот природен дом. Научниците веруваат дека пингвинот залутал и најверојатно се загубил тражејќи храна и сега се движи на југ затоа што се ближи зима.
„Погледнав во морето и видов како пингвин плива блиску до крајбрежјето. Знам дека се менува климата во светот, но пингвин во Англија е нешто што не го очекував“ раскажува Џоан Гордон (35) авторката на фотографиите.