Нучниците од ЦЕРН во Швајцарија открија субатомски честички кои се побрзи од светлината. Станува збор за откритие кое го шокираше светот на физиката и кое може да доведе до преиспитување на многу откритија во последните 100 години.
Научниците испратиле неутрино низ земјата од ЦЕРН на 732 километри одалечената лабораторија во Италија. Останале шокирани кога сфатиле дека честичките до одредено место доаѓаат за 60 наносекунди побрзо од светлината, јавува BBC. Научниците во моментов не сакаат да брзаат со заклучоци и се обидуваат да пронајдат различни објаснувања за своите откритија.
Безуспешно барале грешки
“Сакавме да најдеме грешка – безопасни грешки, посложени грешки или лоши ефекти”, но не пронајдовме. “Сега сме принудени да ја повикаме научната заедница во светот да направат анализа”, вели авторот на веста Антонио Ередитато.
Брзината на светлината е најголемата брзина во свемирот и голем дел од модерната физика се базира на идејата дека ништо не може да ја надмине, како што е објаснето и во Ајнштајновата теорија на релативност. Сепак, истражувачкиот тим ЦЕРН во нивниот тригодишен проект достигнаа резултати со кои сериозно ја разнишаа оваа претпоставка.
“Мојот сон е дека некој друг, независен експеримент ќе дојде до исто откритие, тогаш ќе доживеам големо олеснување”, изјавува Ередитато.