Франција доби најнов хотел во облик на балон.
Во градот на романтиката се е во тој стил па дури и надуениот апартман. За да поминете една ноќ под ѕвездите можете да го изнајмите овој уникатен апартман.
„Сакав некое посебно место каде можеме да ја прославиме годишнината од бракот со мојот сопруг. Несакав нешто вообичаено што можете да го видите било каде. Малкумина знаат за ова место. Тука спиете под ѕвездите, нема ништо подобро од тоа“, изјавила Carine Mace.
Малку оддалечен од градот на светлината овој необичен хотел нуди неверојатен поглед на ѕвезденото небо. Балонот во природа има безброј предности, а најважна е сепак авантурата.