Дури и најголемата љубов крие ризик од изневера. Затоа љуѓето и кажале – љубовта навистина е слепа. Според италијанското проучување на прашањето „Дали би простиле изневера на вашиот партнер?“ 50% одговараат да, 13% велат никогаш, а 32% велат да, но откако ќе се одмаздат. Очевидно љубовта е посилна од изневерата.
Според резултатите од едно друго проучување доаѓаме до изводот дека жените простуваат, мажите не.
Тоа е така бидејќи кај мажите изневерата е удар брз мажественоста и нивните сексуални умешности што ја провоцира желбата за одмазда, а не простување. Што се однесува до жените, изневерата предизвикува колапс на самодовербата, удар врз достоинството и огромна болка.
Во некои случаи прошката е признак на слабост, кога изневерата е знак, дека односите веќе се оладиле. Споменот на изневерата ќе остане како лузна што ќе ве потсетува дека вакцина против изневера нема. Простената изневера е проследена од изгубена доверба.