Во случајот Деми Мур и Ештон Качер повеќе не се знае кој пие кој плаќа. Откако целата јавност беше убедена дека е само прашање на време кога ќе се објави разводот, поради авантурите на Ештон, се случи спротивното.
Всушност, двојката е видена заедно во центарот Кабала во Лос Анџелес.
Изворот изјавил дека парот во центарот пристигнале посебно, но заедно го напуштиле и сеуште ги носат на рацете своите венчални прстени.
Инаку, по медиумите кружат фотографии стари околу три месеци на кои се Ештон Качер и Сара Леал (23) со која актерот ја изневерил Деми Мур на шест годишнината од нивниот брак. Тие сеуште официјалено не се изјасниле за целиот случај, само преку профилите на Твитер кои им служат како место за препукување.
-Кога претпоставувате дека знаете нешто, за што всушност појма немате, правите будали од себе и од мене, објавил во петокот Ештон на својот профил.
Колку и да ја убедува јавноста за својата невиност, прашање е кој ќе му поверува, со оглед на тоа дека ова не е прво обвинување за неверство.