Сликите кои наликуваат на фотографии со висока резолуција можат многу лесно да го збунат набљудувачот, особено ако ги има насликано искусен уметник. Искрено, дали можете на овие слики да пронајдете барем еден детаљ по кој би рекле дека се работи за дело на човечка рака, а не на дигитален апарат?
Во почетокот на 21-виот век, во сликарството се развива нов правец наречен хипер-реализам, кој настанува како подобрена верзија на фотореализмот. Зачетник на овој возбудлив сликарски правец е Американецот Денис Петерсон.
Хипер-реалистичните слики не се дословна интерпретација на фотографиите, туку авторите на овие слики со дополнителни елементи создаваат илузија на стварноста која не постои или не може да се види со голо око.
Делата на авторите како што се: Роберт Бернард, Ериц Кристенсен и Стев Милс апсолутно ќе ве изненадат со деталноста и прецизноста кои ги содржат во себе.
Погледнете ја само глеријата на слики: