Маркетинг компанијата “Бренд сенс партнерс” ја тужи Бритни поради кршење на договорот и со тоа нанесување голема материјална штета на компанијата.
Одлуката на судот во однос на тужбата е дека Бритни нема да ги исплати тие $10 милиони што компанијата ги бара и 35 отсто од продажбата на нејзините парфеми, но не само тоа туку е одбиено и барањето на маркетинг компанијата да го добие медицинското досие на поп пејачката со кое би докажале дека таа е во состојба да сведочи за делото пред судот во Лос Анџелес.
Поп звездата е се уште под надзор на судот после неприличното поведение од 2008 година, поради што нејзиниот татко и адвокатите ги контролираат нејзините лични и финансиски прашања.
Благодарение на судскиот надзор, од неа нема да се бара да даде изјава пред судот во делото на компанијата “Бренд сенс партнерс” која тврди дека и помогнале при склучувањето договири поврзани со парфемот а биле исклучени од профитот.
Компанијата бара од судот да добие пристап до медицинското досие на Бритни но одлуката на судот е во корист на пејачката, Врховниот суд на Лос Анџелес одлучи дека компанијата нема право на тоа.