Дали љубовта има рок на траење???

popara13 октомври, 20111min00
ljubov

Дали може да измерите колку сакате некого? Колку брзо чука заљубеното срце, колку долго трае романтиката, страста, љубовта???

Научниците тврдат дека во моментот кога ќе се заљубиме срцето не игра голема улога. „Главен“ е мозокот, се е хемиска реакција, а чувствата се последица на мозочната активност и лачењето на одредени хормони. Дури откако ќе помине почетната занесеност, хормоните се стабилизитаат и се враќаат во нормала, а срцето ја превзема улогата во љубовта. Тогаш или се продлабочуваат емоциите, или целосно исчезнуваат.

Според последните истражувања,некои правила во љубовта е можно да се дефинираат, иако секој пар е единствен и уникатен.

Лубовта трање четири години: Иако понекогаш мислиме дека сме се заљубиле на прв поглед, истражувањата покажаа дека страста ја чувствуваме најдолго 12 месеци, додека љубовта не трае повеќе од 4 години. Според биологот Хелен Фишер, луѓето едноставно не се моногамни суштества, и дека паровите опстануваат само доколку има морални, општествени или економски причини, а не љубов.

Првиот состанок: Секојдневно околу 3 милиони луѓе одат на прв состанок. Дури 48% од луѓето во САД редовно одат на состаноци на слепо, затоа е мошне важно каков прв впечаток ќе оставите. Дури 43% од лушето сметаат дека најважно на првиот состанок е свежиот здив, додека 17% обрнуваат внимание на облеката, 15% на парфемот, 14% на негуваната кожа и 10% на косата.

Првиот впечаток е пресуден: Во љубовта ретко кој дава втора шанса. Статистиката покажува дека оние кои изгледаат среќно имаат многу поголеми шанси да остават добар прв впечаток од оние кои се негативни. Дури 80% од луѓето својот став кон одредена личност го градат врз првиот стекнат впечаток.

Говорот на телото: Само 7% од жените ги интересира што имаат мажите да кажат на првиот состанок; останатите го оценуваат ставот и говорот на телото, како и начинот на кој се изразуваат.

Брак, секс и неверство: Истражувањата покажаа дека дури 56% од луѓето кои се во брак не се задоволни со својот сексуален живот, но за тоа не разговараат со партнерот. Љубовта по одреден период згаснува, но најголем број на разводи се случуваат затоа што повеќе нема страст. Потрудете се да разговарате со вашиот партнер, само така има шанса вашиот брак да успее.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma