Дали стресот на работа ви го нарушува односот со партнерот?

popara12 октомври, 20111min00
ljubov

Кога ќе се поремети рамнотежата и приватниот живот почнува да трпи поради работата, тоа може да предизвика сериозни несогласувања дури и помеѓу луѓето кои навистина се сакаат. Како да излезете порочниот круг?

Работното време е се подолго, во текот на денот не стигнувате ни да се слушнете со пратнерот, поминувате се помалку време заедно, а а оние драгоцени моменти заедно се нарушени поради нервозите од работа, умор и стрес. Како да излезете од порочниот круг?

Не морате на партнерот да му ја пренесете секоја непријатност која сте ја имале тој ден. Ако ви се расипал компјутерот на работа или некој колега ве вознемирил бидејќи  задоцнил два часа, а потоа заминал дома порано, вашиот партнер немора да ги знае сите детали!

Доколку секој ден на партнерот до детали му раскажувате што ви пречи, ќе делувате како постојано да се жалите.

Поради тоа што партнерот навистина не може да ви помогне кога станува збор за проблеми од овој тип, направете селекција: зборувајте му само за она што навистина морате да го поделите со некој кој ви значи иза она што навитине ви треба поддршка. Ситниците задржете ги за себе или уште подобро, обидете се да не им придавате големо значење, со тек на време можеби ќе престанете да ги приметувате, па така и вие помалку ќе се нервирате.

Кога ќе се вратите од работа, поминете некое време во тишина, а истото овозможете му го на партнерот. Секој треба да има прилика да се опушти.

Обидете се да не се навраќате на проблемите кои веќе поминале. Ако на партнерот сте му ракажале што ве мачи кога си дојдовте дома, спротивставете и се на потребата повторно да започнете со залење за време на ручекот, по ручекот, во текот на ноќта или кога ќе легнете во кревет. Тоа секако нема да ви помогне, само двајцата одново ќе се нервирате.

Исто така, треба да му дадете прилика на вашиот партнер да ви раскаже како тој го поминал денот. Ако сакате некој да ве сослуша кога имате проблем, морате да бидете спремни  да возвратите на љубезноста.

И, можеби најважно: кога ќе се вратите дома не го проверувајте службениата електронска пошта, а ако имате и службен телефон, можеби не е лоша идеја да го исклучите, барем во ноќните часови…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag