Дали тој сака сериозна врска?

popara13 декември, 20111min00
saka seriozna

Убаво ви е и уживате во друштвото на вашиот партнер, но се прашувате дали тој е подготвен за сериозна врска? Иако сите луѓе имаат различни карактери, постојат неколку генерални знаци кои можат да ви помогнат да откриете дали вашиот партнер е подготвен за долга врска:

Посветеност: Внимавајте на неговата посветеност. Колку повеќе е посветен на вас и на вашите потреби, толку се поголеми шансите да имате сериозна врска со ваквиот маж.

Не се плашат да изразат емоции: Оние мажи кои не ги кријат своите емоции од својата партнерка се подготвени за посериозна врска бидејќи мажите се отвораат емотивно само пред оние кои им се драги и на кои им веруваат.

Пријатели: Доколку тој сака да ги запознае вашите пријатели и се труди да остави добар впечаток, тогаш вашиот партнер го гради патот кон успешна и долготрајна врска.

Знае да критикува: Доколку партнерот ве критикува кога правите нешто што е лошо за вас, како на пример доколку не вешбате, доколку пушите многу цигари или па доколку јадете нездрава храна, тоа значи дека тој се грижи за вас како личност и дека ви посакува добро. Само маж кој планира иднина со неговата партнерка се инволвира во нејзиниот живот.

Не „паѓа во несвест“ од спомнувањето на брак или деца: Не значи дека треба да му се „качите на глава“ да ве земе за жена, но обидете се да го внесете бракот и бебињата како тема на разговор. Доколку не почне да му „се гади“ и да сака да избега од собата, тогаш можеби со тој маж имате некаква иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag