Листа на најсекси јазици во светот се состави заедно со сајтот cnngo.com, а прво место е италијанскиот. Едноставно го сметаат за синоним на секс поради ненаситниот и посесивниот звук. За таа теза во прилог се даваат два секси докази,актерката Моника Белучи и фудбалскиот играч Алесандро Дел Пјеро.
Замислете Софи Марсо и Жан Рено, и ќе се согласите дека вториот треба да биде францускиот јазик. Гледајќи и слушајќи го секој филм на Софи, ќе почувствувате колку францускиот јазик може да биде еротски.
Стравствен – тој збор може да го опише шпанскиот, кој го презеде третото место. Авторите на листата како негов главен адут го преставуваат актерскиот пар кој крши многу срца, Хавиер Бардем и Пенелопе Круз .
Следниот јазик често може да се чуе во текот на летото, сончање на плажа во близина на Чешката Република е најкул. Чешкиот јазик, велат cnngo.com, е боемски, мрачен и таинствен, може да звучи многу страствено, а го претставуваат Петра Немцова и Јаромир Јагр.
Можеби ова ќе биде изненадување, но на петтото место е нигерискиот јазик. Во Нигерија има повеќе од 500 видови на јазикот, често се користи англиски јазик и тоа звучи многу секси со Нигериски акцент. Претставници од страна на нигерискиот јазик се Кинг Сани Аде и Омотола Јаладе Екеинде.
Јазиците кои се најдоа високо на листата на секси акценти се ирскиот и англискиот јазик со Оксфордски акцент и бразилскиот и португалскиот.