Дали знаевте дека и гениталиите можат да се подмладат?! Е како де?!:)))

popara4 октомври, 20111min00
genitalii

Ако не ви се допаѓа вашиот нос, може да го смните. Ако сте изгубиле килограми, кожата ви е развлечена и таа може да ја затегнете. Ако поради било кој дел од вашето тело се чувствувате незадоволни, можете многу лесно да го промените.

Пластична хирургија, без разлика дали вие се согласувате со тоа или не. Некои поради неа се чувствуваат подобро и поубаво, некои не!

Дали се сигурни и безбедни операциите кои ги вршат  хирурзите на наинтимните делови од телото? Што добивате со тоа? За кого се наменети овие процедури? Кој треба да ги извршува?

На прашања за лабиопластика одговара Д-р Рамзи Џ. Кокер, пластичен хирург.

Што е лабиопластика?

Тоа е пластичен зафат на гениталиите. „Plasticos“, е збор од кој доаѓа пластичната хирургија, значи моделирање или промена. Значи, лабиопластика е козметичка хирургија за моделирање или менување на делови од вагината.

Која е најчестата причина за оваа процедура?

Внатрешните делови од вагината се опуштаат. Мора да бидете внимателни. Меѓутоа, тоа не комплициран зафат. Ако нешто ви се опуштило или е премногу големо, сомо го средувате. Тоа е главно на слузницата и многу брзо зараснува.

Кои се опасностите?

Не смее да се оштети клиторичниот предел. Ако отстраните премногу, можеда предизвика болка. Но ако се изработи тоа како што треба нема од што да се плашите.

Што е вагинално подмладување?

Тоа е постапка со која се намалува вагиналниот отвор. Сега е популарно, бидејќи го подобрува сексуалниот живот на партнерот. Некои дури и мереле колку им е доволно тесно, со тоа што мереле околу вагината во која се наоѓа пенисот на партнерот. Тука најмногу загружуваат критериумите колку мало и тесно е доволно.

Дали подмладувањето е проблематично?

Ветувањето на подобар сексуален живот е проблемот тука. Повеќе е вклучено задоволството, отколку анатомскиот дел.

Дали овие операции се новост?

Овие операции се одвиваат со години, само во последно време повеќе се актуелни.

Дали порнографијата има врска со тоа?

Сигурен сум дека е така.

Со какви лекари жените треба да се консултираат за ваков зафат?

Излегувате од рамките на пластичната хирургија кога станува збор за вагиналниот отвор. Ова треба да го направи опстретичар-гинеколог. Но, лабиопластиката е за пластичен хирург, бидејќи се работи за кожа.

Како да изберете лекар?

Се е во проценката. Кога одите на пластичен хирург, плаќате проценка. Потребата да изгледаме добро е многу силен фактор на доверба и поради тоа најчесто се прават големи грешки.

Има многу работи поради кои жената лошо се чувствува во своето тело. Ако некој дел од нејзиното тело, условно кажано, е оштетен од породувањето, секако дека има право да стори се што е во нејзина моќ, за да ја исправи штетата.

Само немојте да очекувате дека може повторно да станете девица, тоа нема да се случи, а и нема своите перформанси од 0 да ги подигнете на 60.

Ова е само начин, жените да ја сочуваат својата физичка состојба. Се што правите на себе мора да биде од вистински причини и мора внимателно да го изберете лекарот. А се што правите мора да има цел…каков било и да е обликот или големината, морате да го сакате своето тело и кожа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag