Данците се најсреќни луѓе во Европа, покажува истражувањето на “Фондацијата за прашања во врска со иднината” со седиште во Хамбург објавено вчера на (18,08.). Според оваа студија, скоро 96 отсто од Данците се чувствуваат среќни. На скалата на најсреќни луѓе следат Грците, потоа Италијаните, додека на задниот дел на скалата се наоѓаат Германците, Полјаците и Русите.