Даниел Рикардо е роден на 1 јули во Перт, Западна Австралија. Тој е австралиски Ф1 возач кој во моментов вози за Hispania Racing.
Рикардо како и многумина сегашни Ф1 возачи, своите почетоци ги имал во картингот. Во 2005 година тој возел во австралискиот Формула Форд шампионат со само 15 години, и на крајот на сезоната завршил на 11-тото место.
По кратки епизоди Формула BMW шампионатот во Азија и Британија, Рикардо во 2007 започнал да се натпреварува во Формула Рено шампионатот. Тој ја заврши сезоната на седмата позиција со 196 освоени поени.
Во сезоната 2008 тој почнал да се натпреварува во Формула 3 шампионатот. Меѓутоа таа сезона не забележал некој поголем успех.
Наредната година тој возел во британскиот Формула 3 шампионат, и тоа за тимот на Carlin Motorsport. Рикардо имал успешна година, и на крајот успеал да ја освои британската Ф3 титула. Тој стана првиот австралианец кој ја освоил оваа титула по Дејвид Брабхам од 1989 година.
На 30 октомври 2009, Рикардо потпишал за Tech 1. По изедначената сезона, тој во последната трка заостанувал само 3 бода зад лидерот Микаил Алешин. Рикардо водел до последните 2 круга од последната трка, но потоа бил претркан од Алешин. Со ова претркување тој ја изгубил титулата од Алешин и тоа само за 2 бода. Во 2011 тој вози за ISR Racing.
Првиот ангажман на Рикардо во Формула 1 бил на 1 декември 2009 година, кога станал тест возач за Ред Бул. Сепак неговото деби во Формула 1 нема да биде за овој тим. На 30 јуни 2011, Рикардо потпишал за Hispania Racing, и го заменил Нараин Картикијан на сите преостанати трки од сезоната, освен трката за големата награда на Индија, се со цел да му дозволи на Картикијан да вози пред домашната публика. На 5 трки во досегашниот дел од сезоната тој се уште нема освоено ниту еден бод.