Dart програмерскиот јазик, најнова иновација од Google!

popara12 октомври, 20111min00
google

Google неодамна ја претстави „раната верзија“ на програмерскиот јазик насловен како Dart. Коорпорацијата се надева дека со помош на овој јазик ќе им помогне на програмерите на веб апликациите со кој ќе се надополнат недостатоците на популарниот Јava Script.

Google по Facebook и Apple конечно се изјасни. Менаџерот на проектот и воедно програмер, Ларс Бак говореше за Dart на Гото конференцијата која во понеделникот се одржа во Данска. Dart е наменет за сите проекти, од мали и неструктуирани до големи и сложени, како што се примерите на Gmail и Google Docs.

„ Ако сакаме да се фокусираме на тоа со текот на времето да создадеме подобар Веб, мораме да создаваме иновации, а во тоа влегуваат и нови програмски јазици“, рече Бак во интервју, а пренесува Cnet News.

Google истотака ја претстави и веб страницата посветена на Dart, каде можете да пронајдете „open-source“ алати за пишување со Dart програмот, код примери, спецификации на самиот јазик, како и форуми и групи за дискусии на кои програмерите можат да дебатираат.

На блогот на Google, Бак ги издвоил најважните цели на Dart. Меѓу нив се истакнува дека Google сака да креира структурен и уште пофлексибилен јазик за веб програмирање. Освен тоа, тие сакаат на природен начин да гo доближат Dart до програмерите, а со тоа би станал полесен за совладување и употреба.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag