На аукцијата во Америчкиот град Херши(Hershey) беше продаден најстариот автомобил на светот кој сеуште е во возна состојба. Станува збор за моделот Dos-A-Dos La Marquise од марката De Dion Bouton Et Trepardoux. Необичниот парен автомобил го има во 20 примероци, од кои 6 се уште функционираат.
La Marquise можела да пројде 30 тина километри со еден резервоар вода, автомобилот има капацитет од 150 литри и е сместен испод седиштата. Максималната брзина која ова возило за четворица може да развие е околу 60 километри на час.
Аукцискиот примерок бил во сопственост на едно семејство цели 81 години, и на аукцијата успеа да достигне цена од неверојатни 4 милиони и 620.000 долари иако првично се очекувало да не надмине 2 милиони долари.