Децата се способни чисто да размислуваат

popara30 мај, 20111min00
babies-4

Звуците што ги слушаме од бебињата ни звучат како мрморење, но нивниот мозок може да створи зачудувачки софистицирани и точни предвидувања за тоа како ќе се одвиваат работите, потврдува новото истажување.

Во соработка со колеги од целиот свет, на Технолошкиот институт “Massachusetts”,  развиен е компјутерски модел на “чисто размислување” врз основа на децата кои сеуште не почнале да зборуваат, т.е. способноста да се предвиди фактор на изненадување кај децата кога работите се одвиваат спротивно од основните физички правила. Студијата е објавена во познатото списание “Science”.

За време на експериментот, каде беа вклучени 60 бебиња со навршени 12 месеци и повеќе, се одредувало колку долго децата ќе гледаат во анимирани настани кои помалку или повеќе се во согласност на нивното знаење за тоа како се одвиваат работите. Во еден случај на бебињата им се покажани четири предмети, три плави и еден црвен, како се одбиваат во кутија, а по некое време, сликата се затемнува и се повлекува еден предмет низ мал отвор на кутијата.

Врз основа на едно претходно истражување, заклучено е дека бебињата повеќе гледаат во настаните кои содржат нешто неочекувано, а ова истражување потврдило дека тие биле  многу изненадени кога исчезнал предметот за краток интервал од 4 секунди. Кога ќе се затемни сликата на 2 секунди, бебињата се збунети само ако прво се тргне црвениот предмет.

Копјутерите точно пресметале колку долго бебињата гледаат во истата случка, но во различни сценарија и различни бои на предметите, положбата и потемнувањето на сликата. Тоа значи дека децата резонираат на тој начин што ментално ги симулираат сите можни сценарија и предвидуваат кој е најверојатен исход, обајвува  health24.com.

Се развива и сличен компјутерски модел за деца со “интуитивна психологија”, односно нивното разбирање како луѓето околу нив постапуваат во одредена ситуација. Овие модели би можеле да им помогнат на научниците да сфатат што се случува со мозокот кога детето ќе стане аутистично, бидејќи една од главните карактеристики на оваа состојба е неспособност за правилно перцепирање на однесувањето на луѓето во оклина, а тоа се случува во првите две години живот на детето.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag