Дечкиве се закон! Легија на несекојдневни танчери – LXD

popara2 септември, 20111min00
LXD-naslovna

Легијата на несекојдневни танчери, позната како LXD, се веб серии за две групи на танчери ривали: херои (Легијата на несекојдневните танчери) и негативците (Сојуз Темнината)кои откриваат дека имаат супер-способности, кои ги ословуваат како „ра“, преку нивните танчерки способности. Целата приказна се случува низ стотици години почнувајќи во 1920 се до 3000 година.

Сериите се напишани, режирани и уредени од страна на Џон Чу (Jon Chu) кој вели дека за креациите на танцовите бил инспириран од музичките видеа „Thriller“ и „Smooth Criminal“ на Мајкл Џексон и од танчерите кои ги сретнал на снимањето на филмот „Step Up 2: The Streets“. Шоуто го опишува како „балетско“, „оперативно“, „со висок квалитет“ и „Праведно првенство на  танцување “. Сериите се кореографирани од страна на Кристофер Скот (Christopher Scott) и Хари Шум помладиот (Harry Shum, Jr.) со асистентска кореографија на Гален Хукс (Galen Hooks). Членовите се од широка лепеза на специјалности вклучувајќи хип-хоп, крампинг, современо, итрини, попинг, б-боинг, џез, теп и балет. Целата кореографија и вештина се вистински; нема специјални ефекти или жици и сите серии се снимени на локации без употреба на зелени платна.

Во име на способностите на овие несекојдневни танчери 2010 год. направен е и филм, склоп од сериите, наречен „ LXD – The Legion of Extraordinary Dancers“, а за да имате претстава за што зборуваме, погледнете и самите на видеото кое следува:

httpv://www.youtube.com/watch?v=ROb4f4SN05g

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag