Новиот дечко на Јенифер Анистон е се почеста тема на трачеви, и се повеќе луѓе се обидуваат да го дознаат неговото минато. Поради ова американските таблоиди веднаш ја објавиле приказната на неговиот пријател Кеит Миделброук, кој со Џастин глуми во филмот “Iron Man 2”. Тој вели дека со Џастин зборувал за неговото минато и за дрогирањето, и открива дека он е лечен алкохоличар, користел тешки дроги,а наводно и многу му се допаѓала Анџелина Џоли.
Жените и дрогата
„Ми кажа дека земал силни лекови против болки, како и халуциогени печурки, екстази, кокаин, хероин, LSD и крек. Зборувавме за пишувањето,жените и дрогирањето“ рече Миделброук во интервјуто за списанието Стар. Наводно на сетот од филмот често зборувале за тоа кои од славните глумици им се допаѓаат најмногу. „ Он рече дека му е најубава Анџелина Џоли. Се насмеав на тоа и му реков дека таа единствено има усни, а на тоа Џастин одговорил: само таму треба да го има“ , вели Миделброук. Џастин исто така ми кажа дека несака да се ожени со тогашната девојка, Хајди Бивенс, со која беше во врска 12 години. „ Зошто да го упропастам ова што сега го имаме“, рекол Терукс.
Лечен алкохоличар
Неговиот бивш пријател исто така потврди дека Џастин имал проблеми со алкохолот и дека од тоа се лечел. „ Дефинитивно многу пиеше. Никој немаше чуено за него една година, а тогаш кога го видов ми рече дека станал анонимен алкохоличар, и дека се обидува да биде трезен“ тврди извор близок на Џастин.