Една тинејџерка му напишала писмо на Дедо Мраз во кое му се заканува дека ќе го убие доколку не и ги донесе подароците кои таа ги сака.
Не се знае што е почудно во ситуацијава, дали тоа што тинејџерка му пишува на Дедо Мраз или фактот дека Мекида Остин (13) му се заканува со убиство.
Во своето писмо девојчето навело дека ако Дедо Мраз не и донесе барем две од наведените работи на листата „ќе ги улови неговите ирваси, ќе ги испече и ќе ги послужи на бездомниците за Божиќ“.
Во писмото Мекида ги навела следните подароци кои ги сака за Божиќ, блекбери, џемпер, пари, конверс патики и наочари за сонце. Покрај подароците од Дедо Мраз таа побарала да и го донесе и Џастин Бибер и тинејџ пејачот Остин Махон.
Писмото го потпишала со заканата „немој да заборавиш, два подароци од списокот или ќе умреш“.