Да, на сликата горе тоа е дедо, и тоа необичен. Кристофер Карлсон (45) изгледа како да е 20 години помлад, а неговите внуци (пазете сега ова?), кои имаат осум, девет и 12 години, биле физички малтретирани, додека се движеле по Големиот Кањон на реката Колорадо.
Кристофер ги натерал децата да пешачат 30 километри без прекин, згора на тоа не им давал да јадат и да пијат вода, со образложение дека “треба да зацврснат.” Покрај тоа, тој цело време на температура од 42 степени целзиусови “ги удирал, штипел и малтретирал децата”.
– Децата се дебели. Тоа е неприфатливо. Некој мора да направи луѓе од нив! – изјавил Карлсон во полицијата. – Ова е тежок све за да се опстане во него, а за да го преживеат децата мора да зацврснат.