Дејл Робертс се обесил бидејќи девојката го изневерила со Пол Тери!

popara18 ноември, 20111min00
dejl-roberts-498

Дејл Робертс, голманот на англискиот клуб „Rushden and Diamonds„ кој се обеси во декември минатата година, извршил самоубиство поради „срам“, бидејќи неговата вереница го изневерила со братот на капитенот на англиската фудбалска репрезентација Џон Тери, Пол Тери.

Фудбалерот бил шест години во врска со Линдзи Елизабет Кован, со која се разделил веднаш по откривање на аферата дека таа го изневерила со Пол Тери во мај 2010 година.

Во септември минатата година Робертс ја повредил ногата, поради што станал многу депресивен и летаргичен, почнал да пие антидепресиви и да не оди на тренинзи.

„Не сум сигурен дека можеше да се избори со срамот кој му го нанесе аферата. Неговата смрт е комбинација од негативните коментари во медиумите и повредата на ногата“, изјавил Адам Џонсон, играч од Манчестер Сити и другар на починатиот Робертс.

„Откако се дозна дека Линдзи имала афера со Пол Тери, Дејл ни се јави да ни каже да не даваме никакви изјави. Беше многу потресен и лут, бидејќи му верувал на Пол, кој неколку пати бил во нивната куќа“, изјавила мајката на Дејл, Изабел.

Телото  на Робертс било пронајдено во неговиот дом, кој некогаш го делел со Линдзи, покрај беживотното тело стоела порака  на која пишувало: „Ја сакам Линдзи многу, таа е љубовта на мојот живот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag