Дејвид Бекам во септември поднесе тужба против магазинот In touch бидејќи, објавија дека тој ја изневерува својата сопруга Викторија Бекам со босанската проститутка Ирма Ница. Бекам бараше оштета од 25.000.000.000 долари но случајот бил отфрлен, со објаснување дека таблоидот со тоа што го објавил немал лоша намера. Судијата Мануел Реал во објаснувањето додал дека Бекам е јавна личност и приказните за неговиот живот се интересни за јавноста. А Ирма Ница може да кажува лаги бидејќи таа има право на слобода на говорот. Бекам преку својот портпарол изјавил дека ќе ја обжали одлуката на овој суд.