Деми Мур е бисексуалка?!

popara19 ноември, 20111min00
demi

Познато е дека Ештон Качер е виновен за разводот, но новите информации велат дека и Деми имала неколку авантури за време на зедничкиот живот со актерот, како и гласините дека таа била со други жени.

Светскиот печат пишува дека нивниот шест годишен брак бил “отворен”, и дека Деми Мур своето слободно време го поминувала со припаднички на понежниот пол.

“Деми ја привлекуваат жените исто како и мажите,така што Ештон не и беше неопходен”, изјавил неименуван близок пријател на актерката.

“Сите во Холивуд знаат за нивниот договор и отворената врска за други партнери во нивните животи, но тие тоа успешно го сокриваа од очите на јавноста”. Изворот додава дека се се сменило во оној момент кога прозборела една од љубовнците на Ештон.

“Деми немаше ништо против неговите афери и тие двајца совршено фукционираа до тој момент. Имаа почитување и разбирање еден за друг, но врските од страна им беа интересни”.

Покрај изјавата на неименуваниот извор, за тоа дека актерката сака и жени, веста дека Деми е бисексуалка ја потврдила и комичарката Челси Хендлер, гостувајќи во емисијата на Пирс Морган на CNN.

“Мислам дека убаво се забавуваа со други жени. Очигледно е дека уживале во “тројките”, потоа во пар, но не еден со друг, за да на крај се разведат. Жал ми е за Деми“, изјавила Челси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag