Деми Мур одлучила да не се крие од јавноста откако го најавила разводот од својот сопруг актерот Ештон Качер. Актерката отишла на вечера во еден ресторан во Холивуд, а друштво и правел некој непознат маж. “Деми изгледала одлично и цело време внимателно го слушала партнерот, но сепак не наликувало на љубовен состанок, сето тоа изгледало како да имаат некои заеднички интереси, изјавил таен извор.
Иако главната причина за распадот на бракот на Деми Мур и Ештон Качер била неговата афера со Сара Лил, некои извори тврдат дека заедничкиот живот на двојката веќе подолго време не штимал како треба. “Ештон бил подготвен да стави крај на бракот, но чекал Деми тоа прва да го направи. Тој ја сакаше, но не можеше повеќе да живее со Деми, по се изгледа веќе им здодеал заедничкиот живот, изјавил извор близок на парот.