Актерката Дерил Хана заврши зад решетки. Таа беше уапсена пред Белата куќа каде беше на протест со уште неколку илјадници луѓе кои протестираа поради одлуката на претседателот Барак Обама да изгради нов гасовод кој ќе биде долг 2700 км. Стејт Департментот одлучи дека овој гасовод нема да ја загрози животната средина, но луѓето не веруваат во тоа, а една од нив беше и актерката Дерил Хана.