Десет чекори до здрава и сјајна коса

popara19 ноември, 20111min00
ubava kosa

За здрава и сјајна коса не ви се потребни многу пари, се што ви треба е неколку совети за тоа како правилно да ја негувате:

Здрава коса е знак на добро здравје. Значи, се почнува со исхраната. Затоа јадете здрава храна, односно внесувајте многу овошје и зеленчук, а избегнувајте мрсни и многу калорични оброци.

Стресот има штетен ефект врз косата и предизвикува опаѓање, па затоа најдете начин да се ослободите од секојдневните тензии.

Косата мијте ја со шампон максимум два пати неделно, а не секој ден.

Ставајте масло за коса  со витамин Е најмалку еднаш неделно, така ќе ја обезбедите потребната хидратација.

Користете балсам за коса по секое миење. Тоа ќе ја заштити вашата коса и ќе и даде сјај.

Избегнувајте да ја чешлате косата додека е влажна затоа што така најлесно се оштетуваат влакната. Прво исушете ја, а потоа исчешлајте ја со чешел.

Избегнувајте постојано да ја допирате косата. Со допирање и играње косата најлесно се масти и влакната најлесно се кршат.

Сушете ја вашата коса природно секогаш кога можете. Ако мора да користите фен, држете го што подалеку од вашата глава.

Редовно посетувајте фризер кој ќе ги скрати испуканите делови и ќе ви помогне да ја одржите косата здрава.

„Почастете“ ја вашата коса со некоја добра маска од време на време, но не користете маска при секое миење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag