Грешка # 1 – Купување книга или скапа е-книга за брзо читање
Кога мислиме на учење мислиме на книги, нели? Изгледа како нормална и природна работа. Ако веќе сте купиле тогаш ок. Но дали навистина ја прочитавте? И ако ја прочитавте дали навистина ви се подобри способноста за брзо читање? Можеби да, бидејќи 10% од луѓето кои се обиделе да научат брзо читање успеале да имаат придобивка од читањето на тие книги преку примена на инструкциите. Но најмногу од нив само ги читаат насловите.
Да се учи брзо да се чита од книга ги има следните предизвици:
1. Најчесто читачот не е ни просечен читач и затоа има тешкотии.
2. Да читаш нешто не значи дека го разбираш.
3. Читањето не го менува однесувањето или извршувањето.
4. Повеќето луѓе се мачат помеѓу она што го пишува во книгата за брзо читање и примена на истото во друга книга.
Тоа значи дека може да читате книга но веројатно извршувањето, резултатот нема да се промени.
Има многу книги кои може да се симнат на интернет за брзо читање. Некои се и бесплатни. А тоа звучи супер. Но ако критички погледнете, информациите се стари или сосема погрешни. Особено затоа што нема експерт на кој можете да му поставите прашање ако нешто не ви е јасно.
А тоа води кон…
Грешка # 2 – Пребарување на интернет за бесплатни информации за брзо читање
Пребарувањето на интернет создаде нова димензија на учење и дистрибуција на информациите. Идејата е прекрасна, но како знаете дека тоа што го читате е вистина?
Со ваков лесен пристап, многу интернет страници се поставни без критериум за точност.
Идејата за оваа грешка произлегува од истражувањето кое го спроведовме на тема брзо читање. Првата страна на резултатите покажа неколку укажувања на Wikipedia, бесплатна онлајн енциклопедија. Интересно, страниците беа полни со предупредувања дека нема препораки. Дури и информацијата за најбрзиот читач на светот беше грешна.
Иако има многу бесплатни работи за брзо читање на интернет што донекаде ја замаглува сликата за него, сепак, преку еден милион пребарувачи месечно има на оваа тема на Гугл.
Грешка # 3 – Купување на софтверски програма за брзо читање
Оваа грешка се базира на тоа дека фокусот е само на брзината со која се движат зборовите на екранот и не навлегува во степенот на разбирање. Појавувањето на зборовите на екран е релативно стар метод.
Методите базирани на тахитоскоп беа докажани дека се штетни за очите како и тоа дека не е ефективен за менување на брзината на читање на долг рок. Најголемиот проблем е дека софтверот не работи со сите страници на екранот, ниту пак може да се примени додека сте во автобус или во кола или некоја друга ситуација за читање.
Некои механички обуки се неопходни за да се усоврши движењето на очите да биде пофлуидно и ефикасно, но средството треба да биде транспортирано за сите окружувања. Друг проблем со ваков начин на учење е дека ја доведува во прашање дефиницијата за читање. Тоа значи дека ако не разбирате не може да читате.
Грешка # 4 – Учење само на механичко брзо читање
Дефинирано читање – читањето претставува акт на гледање визуелни стимулуси (печатени букви и зборови) и извлекување на значењето на истите. Според онлајн речникот на Миријам Вебстер, читањето е интерпретација на симболи. Со секоја од овие дефиниции може да заклучите дека:
– Читањето е визуелен невронски процес при кој мозокот на читачот ги разбира симболите и
– Читањето е мислечки процес.
Сите програми за брзо читање се фокусираат на механичкиот дел на движењето на очите флуидно преку зборовите. Тоа е основен дел за побрзо читање. Но има уште една компонента.
Разбирањето е дали сте го сфатиле она што го читате.
Бидејќи сите сознанија водат кон тоа дека мозокот чита а очите се само механизам, треба да внимавате да не започнете да учите со метод кој е фокусиран само на механичкиот дел односно на ширење на видното поле. Бидејќи колку брзо и да читате ако не разбирате, тогаш се губи смисла.
На тој начин многу брзо ќе се вратите на стариот начин на читање. Затоа е потребно да се пробаат неколку начини на читање на различен материјал.
Грешка # 5 – Посакување да се научи брзо читање интелектуално
Има типови кои учат аналитички. Тие повеќе размислуваат во апстрактни идеи и концепти. Може да биде многу забавно да се разговара со нив. Но дали навистина може да го прават тоа?
Аналитичарите не можат да чекаат да дојде на ред следната тема. Тие брзаат напред за да прочитаат повеќе. Затоа потребно е да се потсетуваат дека читањето е однесување. За да се усовршат повеќето техники треба да ги прифатат инструкциите. Исто како маратонец оди на редовни тренинзи или музичарот редовно ги вежба делата.
За да се научи нешто мора да бидете вклучени. Учењето е искуство. Не можете да бидете набљудувач. Дрил вежбање е потребно па дури и за долгогодишни брзи читачи одвреме навреме.
Брзото читање е сложен комплекс од когнитивни однесувања.
Грешка # 6 – Посакување на брз резултат
Електронската ера нè донесе во ерата на инстантност. Имаме инстант кафе, појадоци, вечери, симнувања итн.
На вас ви требало време вашиот мозок да функционира онака како што работи сега. Не работи во пикови и нема да се промени преку ноќ. Што значи, во домен на брзо читање не може да очекувате инстант ефект. Но вие може да го промените вашиот мозок. Со континуиран напор, може да постигнете многу подобро извршување на задачите. Брзо читање може да се научи во 4 интензивни денови. На почетокот кога се почнуваше се изведуваше во период од 7 недели, па во 5 недели но се откажавме од таа динамика затоа што луѓето не го завршуваа.
Потоа беше намален на 2 дена па на 1 ден. За да се прилагодиме на пазарот сега има можност и за 16 минути!
Резултатите покажуваат дека луѓето кои го завршуваат имаат резултати кои на долг рок опаѓаа. Се разбира дека не е голема мистеријата зошто тоа се случува.
Оние кои се занимаваат со учење, знаат дека однесувањето треба да се засили и да се награди после одреден период за да се задржи подолго. На невронските патеки им е потребно континуирано градење за да се изгради јака мрежа.
Да, вие можете да научите многу за 4 часа и во еден ден, но колку тоа ќе трае?
Ете зошто програмите во живо се структуирани во 2-3 недели.
Додека он-лајн програмите се структуирани во 45 дена. Тоа е доволно долг период за да се учи конзистентно и да може да се користи вештината низ време со јака основа.
Ако ја држиме вратата отворена 12 месеци, повеќето луѓе нема да завршат или понекогаш ќе се логираат.
Грешка # 7 – Слушање на другите што ќе кажат
Ако сте почетен пребарувач веројатно сеуште не сте стигнале до овие луѓе. Има две категории од нив – лични и професионални. Личните се луѓе кои ги знаете, кои ќе ви дадат мислење за сè а базирано на ништо освен на нивното моментално просудување. Тие поминуваат доста време во критизирање и најчесто не постигнале многу во животот.
Професионалните пак се аналитични или скептични. Овие луѓе секогаш заземаат страна. Од страна на академските луѓе може да се очекува да ја анализираат негативната теза.
Хенри Форд рекол, “Дури и да мислиш дека можеш или дека не можеш, пак си во право!” Твојот мозок бара докази за она во што веруваш. А твоето уверување создава однесување. Затоа одбери верување кое го поддржува твојот раст.
Грешка # 8 – Застранување по друг пат
На секој од нас му се случува да застрани од главната цел. Дури и кога се работи за наша иницијатива, на новото патување може да се појави нешто неочекувано.
Со оглед на електрониката која неопкружува нормално е да правиме постојано застранувања затоа што вниманието се почесто е прекинувано.
На обуките за управување со времето честопати се кажува следната реченица, “Ништо не се случува во животот ако не направиме простор за тоа да се случи.” Па што сакаме да ни се случи?
Дали знаете што се случува со незавршените патувања? Дали ве чекаат вас?
Грешка # 9 – Недостаток од константен напор
Тактилното учење се состои од правење на работите. Брзото читање треба да се учи тактилно. Тоа значи со рацете – на литература! Многу истражувања покажуваат дека тактилното учење преку мултисензорен пристап е со рацете и најдолго трае, но во исто време е и најтешкиот начин на градење на невронска мрежа.
Што подразбира мултисензорно учење? Вклученост на видот, звукот и движењето.
Сите истражувани методологии за учење на комплексни вештини како што е брзото читање покажуваат најдобриот и најлесниот начин е по малку да се практицира континуирано а подолго време. Тоа се однесува и на секоја друга вештина.
Не дозволувајте да престанете прерано или да имате предолги паузи од едно до друго вежбање.
Грешка # 10 – Важно е од кого учите
Една од најважните работи со кои треба да се соочите е како да ги сортирате овие 11 милиони страници на Гугл за една работа – брзо читање.
Друга работа е како да препознаете која е вистинската информација. Токму затоа многу еважно од кого учите. На кој материјал е базиран методот? Што ги прави експерти во таа област? Вратете се на грешката #7.
Колку долго ова го работат? Дали е мултисензорен пристап? Има ли гаранција за квалитетот? Каква поддршка се нуди после семинарот? Дали има само книга или само софтвер? Што станува со степенот на разбирање?
Се надеваме дека сте подобро информирани и имате предизвик да научите да читате брзо од вистинскиот извор. Доколку научите, дозволете вашата импресија да ја пренесете и на другите затоа што искуството покажува дека вистинските корисници на брзото читање најдобро го потврдуваат квалитетот на методот. Вашите коментари се добредoјдени на brzocitanje@inoptimum.com.mk
Aвтор: М-р Гордана Андоновска е сопственик на центарот за развој на човечки потенцијали – Ин Оптимум. Таа е прв сертифициран обучувач за методот Power Reading Брзо Читање во Македонија. За повеќе информации посетете ја нивната веб страница http://www.brzocitanje.com.mk/.
Извор: www.statija.mk