За прв пат во Авганистан е ранет германски генерал

29 мај, 20110
cat_1174979910
Во Авганистан, каде во напади на Талибани се убиени двајца германски војници, за прв пат е ранет и еден генерал на германската војска, која што се наоѓа таму во воена мисија во оквир на меѓународната мировна мисија ИСАФ, јавуваат германските медиуми, пренесувајќи дека политичарите го осудуваат убиството на војниците.
Повредениот генерал Маркус Кнајп е командант на интернационалните сили ИСАФ во северен Авганистан, а министерот за одбрана Томас де Мезијер, како што пренесуваат германските медиуми, ги повикал Германците токму сега да пружат поддршка на мисијата Бундесвер во Авганистан.
Германската канцеларка, Ангела Меркел, шефот на германската дипломатија, Гвидо Вестервеле и други политичари во Германија остро го осудија убиството на своите војници во самоубиствениот воздушен напад што вчера го извеле Талибани на северот на Авганистан, во провинцијата Тахар, во канцеларијата на локалниот гувернер.
Германската воена мисија во Авганистан е најголем воен ангажман на Бундесвер во странство и важи за најопасна затоа што покрај човечки жртви, остава и психички последици на војниците кои се враќаат од неа.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi